Жена пронајдена мртва во Кисела Вода

На 20. јуни 2025 година, во 21:17 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во домот во подрачјето на Кисела Вода, каде што живеела како потстанар, е пронајдена почината К.Ч. (77) од Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош утврдил дека е констатирана смрт, а увид во случајот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е насочено на обдукција.