Зголемена густина на сообраќај на граничниот премин Табановце, чекањето трае од 30 до 45 минути.

На граничниот премин Табановце забележана е зголемена фреквенција на возила, поради што времето на чекање за влез и излез од државата се движи помеѓу 30 и 45 минути. За влез во земјата преку граничниот премин Пелинце, времето на чекање е околу 30 минути.

На другите гранични премини од македонска страна, не се регистрирани подолги задржувања за влез и излез, но интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градовите е зголемен.