Земјотрес со интензитет од 4 степени по Рихтер ја зафати централна Турција.

Земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска централната турска провинција Сивас, соопштија од Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Епицентарот бил во близина на градот Гурјун, на длабочина од седум километри.

До овој момент, нема информации за жртви или предизвикана материјална штета.

Прочитајте и:  Денес се слави роденденот на еден од најзначајните македонски композитори - Јане Коџабашија.