Проектот „Младите уметници го освојуваат јавниот простор“ се реализира со цел да им овозможи на младите креативци да ја искажат својата енергија и да пренесат значајни еколошки и општествени пораки преку уметнички настапи во јавни простори. Овој проект, поддржан од Erasmus+ програмата на Европската Унија, им овозможува на младите да ја користат уметноста како средство за активизам, граѓанско учество и зголемување на свеста за важни општествени предизвици.
Со разновидни образовни активности, обуки од интернационален карактер и јавни уметнички перформанси, проектот PATS има за цел да ги подготви младите уметници и младинските работници да применуваат уметнички активизам во своите заедници, придонесувајќи кон позитивни општествени промени.
Во рамките на проектот, предвидена е онлајн образовна платформа, специјализирани обуки за уметнички перформанси, активизам, вмрежување и размена на знаења и искуства, како и 25 јавни улични перформанси во пет европски земји. Овие перформанси ќе имаат задача да поттикнат дискусии, инволвирање на граѓаните, зголемување на видливоста на еколошките и социјалните прашања, и да ја подсетат за улогата на уметноста во општествената трансформација.

Проектот PATS се фокусира на сериозни предизвици со кои се соочуваат младите генерации – ограничените можности за креативно изразување, висока стапка на невработеност, ниската културна вклученост и недостатокот на граѓанско учество.
Партнер во реализацијата на проектот е организацијата Еко Логик од Северна Македонија, во соработка со организациите uniT GmbH од Австрија (координатор), Udruzenje Gradjana BUM од Србија, Amarelarte – Associação Cultural e Recreativa од Португалија и The Hive P.C. од Грција.
Комбинирајќи уметност и активизам, проектот PATS има цел да изгради нова генерација млади уметници кои преку својата креативност и јавен настап ќе го поттикнат општеството кон поодржлива, инклузивна и свесна иднина.




