Во раните утрински часови, точно во 1:23, е забележан слаб земјотрес во западниот дел на нашата држава, во близината на Кичево, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Трусот достигнал јачина од 2 степени според Рихтер и се случил на длабочина од 15 километри. Според информации од ЕМСЦ, епицентарот бил лоциран околу 15 километри југозападно од Кичево. Овој земјотрес е регистриран и од Институтот за геолошки науки во Тирана, кој извести дека епицентарот се наоѓа во пределот на Општина Дебрца.




