Во вториот квартал забележан пад од 6,3 проценти на бројот на патници во автобусите на годишно ниво

Во вториот квартал од годинава, во патничкиот превоз, регистрирани се 10.007.000 патници, што претставува намалување од 6,3 проценти во однос на ист период минатата година, според податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Најзначајно намалување од 27,7 проценти беше забележано во меѓународниот превоз. По него, градскиот превоз бележи пад од 10,6 проценти, следен од меѓуградскиот со 5,2 проценти и приградскиот со 3,5 проценти.

Вкупниот број на патничките километри во второто тримесечје изнесува 256.889.000, што е зголемување од 19,3 проценти во однос на истиот период минатата година. Градскиот превоз забележа раст од 35,4 проценти, додека во приградскиот превоз е зголемен за 9,1 проценти. Меѓународниот превоз исто така забележа раст од 32,5 проценти, за разлика од меѓуградскиот, кој регистрираше минимално намалување од 0,2 проценти.