Во Собранието, 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир.

Денес во македонското Собрание ќе се одржи 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир, под наслов „Унапредување на толеранцијата и мирот: стратешката улога на парламентите во обликувањето и донесувањето политики за иднината“. На сесијата се предвидени поздравни обраќања од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со други значајни гости.