Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска му упати забелешка на новинар кој ја прекина неговата прес-конференција во Индија, по што побара обезбедувањето да го извлече од просторијата. Лавров веќе зборуваше кога новинарот гласно активираше превод на својот телефон или уред за симултан превод.
По неколку секунди тишина, рускиот министер праша на англиски: „Можете ли да излезете? Кој ги произведува тие звуци – вие или вашиот телефон?“ Како што звукот повторно се слушна, Лавров повторно му се обрати на новинарот, инсистирајќи да ја напушти салата и нагласи дека „не се шегува“.
„Момци, изведете го одовде“, им рече Лавров на припадниците на обезбедувањето. Потоа, му порачал на новинарот: „Ако не го предадете телефонот, тие ќе извадат оружје.“ Лавров е на тридневна посета на Њу Делхи, каде што учествува на настани во рамките на БРИКС и одржа средби со министрите за надворешни работи на Индија, Тајланд, Египет, Иран и Малезија.




