УНХЦР се подготвува за масовен прилив на бегалци од Иран

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) се подготвува за прифаќање на значителен број бегалци од Иран поради испади на насилство од страна на Израел.

– Работиме на кризни планови за евакуација во Иран и соседните земји. Сè уште не сме ги објавиле, бидејќи немаме доволно информации и чекаме да видиме како ќе се развива ситуацијата, изјави директорот на УНХЦР, Филипо Гранди.

Според неофицијални информации, луѓе кои бегаат од Иран веќе пристигнуваат во Ерменија, Азербејџан и Туркменистан.

Сметам дека станува збор за лица од градовите, кои поседуваат одредени средства и можат брзо да избегаат од опасностите. Досега, ниту една држава не побарала помош од УНХЦР, нагласи Гранди, додавајќи дека Иран е засолниште за многу бегалци.

Во Иран живеат околу 3,5 милиони луѓе од Авганистан.