Уапсен поранешен министер за енергетика на Украина

Уапсен поранешниот украински министер за енергетика

Поранешниот министер за енергетика на Украина, Герман Галушченко, е уапсен при обид да ја напушти земјата под сомнение за учество во проневера на 100 милиони долари и примање мито. Галушченко, кој минатата година беше принуден да се повлече од функцијата поради корупциски скандал, беше задржан во воз додека се обидувал да ја избегне Украина.

Според информации на Би-Би-Си, тој беше дел од група владини функционери инволвирани во шема за присвојување на државни средства во ноември. По краток временски период, Галушченко исто така ја обавуваше функцијата министер за правда, откако три години служеше како министер за енергетика. Неговата наследничка, Светлана Хринчу, исто така поднела оставка поради поврзаноста со истиот скандал.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, тој е пренесен во Киев за понатамошно испрашување откако граничната полиција добила инструкција да ја извести владата ако се обиде да избегне апсење. Галушченко е обвинет дека систематски примал мито од изведувачите на работи во државната компанија Енергоатом, кое се движело меѓу 10 и 15 проценти од вредноста на договорите.