Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека Иран никогаш немал никакви шанси. „Тие тоа добро го знаат. Ми кажуваат за тоа кога сум во разговори со нив, а потоа излегуваат пред камерите и тврдат дека им оди одлично“, изјави Трамп. Тој повтори дека Соединетите Држави ги уништиле иранските воени капацитети, вклучувајќи ја морнарицата, авијацијата и раководството.




