На 5-ти јули 2025 година, во 12:30 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на раскрсницата помеѓу улиците „Орце Николов“ и „Миладин Поповиќ“. Во инцидентот учествувале патничко возило „Дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ц. (49), и мотоцикл „Пиаџо“, управуван од Л.С. (27), двајцата жители на Скопје.
Во несреќата, Л.С. претрпел тешки повреди, кои биле утврдени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. На местото на настанот извршен е увид од тим од Секторот за внатрешни работи.




