(ТЕЛМА во живо) Започна „Маршот за ангелите“ во Скопје

Семејствата на настраданите во пожарот во Кочани денеска на „Марш за ангелите“ во Скопје.

Дојдоа пред обвинителството, а според најавите маршот ќе заврши пред Собранието.

Нивното барање во саботата беше да добијат повеќе информации за текот на истрагата, а сега како што рекоа тие дојдоа во Скопје за да се информираат.

Протестот го следи Елена Ивановска Мукоска. Таа се јави во живо во Вестите на Телма во 12.30.