На 8 декември 2025 година, во СВР Скопје, е пријавена сообраќајна несреќа на улицата „Ферид Бајрам“ во Скопје. Во несреќата учествувале три патнички возила: „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И. (32) од Скопје; „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од У.Б. (36) од село Жубрино и „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (56) од Скопје.
Во последиците од несреќата, тешки телесни повреди здобил Т.П. (61) од Скопје, сопатник во возилото „цитроен“. Возачот У.Б. и сопатничката Ф.Б. (32) од село Жубарино исто така се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Општата болница во Кичево. На местото на настанот излезе увидна екипа од СВР Скопје.




