Рецепт: СОВРШЕНО РИЖОТО: Посебен шмек за незаборавен вкус

Потребни состојки:

– 2 парчиња пилешки гради
– 200 гр ориз од цело зрно
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– 1 црвена пиперка
– 1 морков
– Сол
– Бибер
– Зачини од сушени билки
– Маслиново масло
– 400 мл вода
– Магдонос

Начин на подготовка:

Пилешките гради исечете ги на мали коцки. Морковот, кромидот и пиперката ситно исечкајте ги. Во тава загрејте малку маслиново масло и додајте го кромидот да се пржи додека не зарумени. Потоа додајте го пилешкото месо и пржете додека не добие убава боја. Додајте ги исечканите морков, пиперка и лук, а по потреба налејте малку вода за да не загори. Зачинете со сол, бибер и суви билки, па оставете да се динста.

Кога зеленчукот ќе омекне, додајте го измиениот ориз и промешајте. Налејте 400 мл вода и варете на тивок оган додека оризот не омекне и рижотото не добие кремаста структура.

Пред сервирање, посипете со свежо ситно сечкан магдонос.

Совет: За уште подобар вкус, можете да додадете малку пармезан или неколку капки лимонов сок пред сервирањето.

Најнов тренд во подготовката на рижото е употребата на интегрален ориз, кој е побогат со растителни влакна и подолго задржува ситост. Се повеќе луѓе го користат во здрави рецепти, бидејќи има понизок гликемиски индекс во споредба со белиот ориз.

Уживајте во овој вкусен и лесен оброк!