Синер и Алкараз ќе заработат по милион евро само со својот пристиг на Доха.

Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе добијат награден фонд од 1.200.000 долари само за учество на АТП 500 турнирот во Доха.

Според информациите од италијанскиот медиум „Газета“, организаторите вложиле значителна сума за да го осигураат присуството на актуелните првак и второпласиран тенисер во светот на овој турнир во Катар.

Се зборува дека слична финансиска понуда била упатена и кон Новак Ѓоковиќ, но српскиот ас одлучи да се одмори и да не учествува на турнирот.

Во својата кариера, Ѓоковиќ два пати ја освои титулата во Доха, додека Синер и Алкараз сè уште го чекаат првиот трофеј на овој турнир.

Ова ќе биде прв настап на Италијанецот во Катар, додека Шпанецот минатата година стигна до четвртфиналето, каде што беше елиминиран од Јиржи Лехечка.

Алкараз ќе ја започне оваа сезона со натпревар против Артур Риндеркнеш, додека Синер ќе се соочи со Томаш Махач во првото коло.

Турнирот во Доха ќе се одржи од 16 до 21 февруари, а вкупниот награден фонд изнесува 2.800.000 долари.

Фото/ depositphotos