„Само жалам што не сме сите заедно“ – емотивна порака од сопругата на Панчо за полуматурата на нивниот син

Полуматурската вечер на Андреја, син на прерано починатиот музичар Владимир Блажев – Панчо, беше исполнета со гордост и емоции, особено поради отсутноста на неговиот татко. По повод завршувањето на основното образование, Маја Блажев сподели фотографија со својот син на социјалните мрежи и му упати трогателна порака.

„Завршија едно поглавје, но жалам што не сме сите присутни. Оној најважниот ни недостасува, но животот продолжува, сине. Ти посакувам многу успеси во сите аспекти на твојот живот. Твојот успех е и мој“, напиша таа.

Во продолжение, му порача секогаш да остане насмеан, позитивен и човек со големо срце.

„Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè, човек со големо срце за сите. Твојата добрина е резултат на нашето воспитување. Те сакам со цело срце, твоја мама“, се вели во нејзината објава.

Прочитајте и:  Џузепе „Пепино“ Меаца и Џовани „Џани“ Ривера: „златните деца“ на италијанскиот фудбал

Андреја планира да го продолжи своето образование во ДСУ Спортска академија, во паралелката за фудбал, што е во согласност со неговата голема љубов кон спортот. Неговиот татко, Панчо, во едно интервју своевремено откри дека Андреја активно тренира фудбал и има голем интерес за различни спортски активности.

И покрај тагата поради загубата на таткото, полуматурската вечер остана посебен и незаборавен момент за Андреја и неговото семејство.