Северна Македонија е мала земја, но носи богатство од традиционални јадења и зимски специјалитети. Едно од тие јадења се и џимиринките, кои во некои делови на земјата се познати и како чварки или пршки. Обично се подготвуваат за време на студените месеци, а ноември е месецот кој е најпознат по овој специјалитет. Со поддршката на Агриа продолжуваме со споделување на највкусните домашни рецепти. Овој пат нашата колекција е збогатена со рецепт за џимиринки.
За подготовка на џимиринки ќе ви бидат потребни:
– 5 килограми сланина од Агриа
– 200 милилитри вода
– Сол по вкус
Подготовка:
Сланината се сече на коцки со димензии од околу 3×3 сантиметри. Коцките се ставаат во тенџере кое се полни со вода, така што нивото на водата во тенџерето да е околу 1,5 сантиметри. Тенџерето се става на силен оган и откако водата ќе испари, започнувате со редовно мешање на џимиринките со дрвена лажица. Пржењето трае околу еден час, во зависност од температурата на огнот. Џимиринките се подготвени кога маста ќе стане бистра, а коцките кафеави и крцкави.
Штом џимиринките се готови, се вадат од тенџерето и се посолуваат според вашиот вкус. Мастта што останува се прецедува користејќи метална цедалка и се става во тегли. Кога маста ќе се олади, може да се користи како свинска маст. Од наведените количини може да добиете околу 500 грама џимиринки и две тегли маст.
Дополнителни совети: Во некои региони, џимиринките се пресуваат за да се добие повеќе маст. А постојат и рецепти каде што на крајот од пржењето се додава малку млеко. Џимиринките чувајте ги во стаклени тегли или хартиени ќеси за да останат свежи.
За оние кои сакаат да пробаат свежо свинско месо со одличен квалитет, можете да ги посетите месарниците на Агриа во Битола, Велес и Штип. Таму, освен џимиринки, можете да најдете и многу други производи.