Реал Мадрид размислува да го именува Масимилијано Алегри, актуелниот стратег на Милан, за главен тренер во случај Алваро Арбелоа биде отповикан ова лето.
Според информации од „Кориере дело спорт“, управата на Реал веќе два пати се обидела да го ангажира Алегри – во 2019 и 2021 година.
Алегри, кој повторно ја презеде кормилото на Милан во јули 2025 година, е задоволен од својата улога, но во исто време сака да го зајакне составот за да се справи со предизвиците на меѓународната сцена.
Покрај тоа, Реал Мадрид ги разгледува и опцијата Јирген Клоп за идниот тренер.
Предходно беше споменато дека Арбелоа губи поддршка од играчите поради неуспешната серија резултати. Последните порази во Ла Лига и елиминацијата од Купот на кралот драстично ја намалија довербата на играчите во неговите методи. (МИА)




