Работник загинал при пад од зграда во изградба во Дебар.

На 8 јануари 2026 година, околу 11:35 часот, во Отсекот за внатрешни работи во Дебар, Итната медицинска помош пријавила дека С.К. (40) од Дебар починал на пат кон болницата. Според информациите, околу 11:15 часот, тој паднал од зграда во изградба, лоцирана на улицата „Братство единство“, каде што работел. По пријавата, на местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, кои по своја наредба наложиле телото да се подложи на обдукција. Екипа од ОВР Дебар направила увид на местото, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Прочитајте и:  Нови политички конфликти во Унгарија: Обвинувања за уништување документи