Инспирирани од современите гастрономски конcepcии, каде што сендвичите и бургерите се подготовуваат со внимание на секој детал и со слобода во комбинирањето, сè повеќе луѓе го носат ова искуство и во домашната средина. Оброците се создаваат спонтано, согласно моменталната инспирација, без строги правила.
Во таа насока, Жито Лукс ја проширува својата Selection линија со нов леб за сендвичи, кој е создаден како идеална основа за вакви оброци. Со своите меки, подебели парчиња и густа структура, тој овозможува подготовка на богати и креативни комбинации, без компромис во формата и вкусот.
„Следејќи ги светските трендови, создадовме линија од специјално избрани производи, кои се одговор на потребите на современиот потрошувач. Креативни, млади и динамични луѓе кои не се плашат да експериментираат, се нашите идни лојални потрошувачи. Веруваме дека новиот сендвич леб ќе донесе безброј насмевки, задоволни консументи и мноштво оригинални закуски“, изјави Антоанела Петровиќ, директорка за маркетинг и трејд маркетинг во Жито Лукс.
Мотото „Моја кујна, мој стил, мои правила“ ја отсликува токму оваа слобода, секој да го создаде својот оброк, во свое време и на свој начин.
Со овој нов производ, Selection линијата добива нова димензија, нудејќи решение за сите оние што сакаат да внесат повеќе разновидност во домашната кујна, прилагодена на современиот начин на живот.
Комерцијален текст




