Пронајдена забранета супстанција во Гевгелија, поднесени обвиненија

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија против 24-годишниот Б.Г. и 25-годишниот А.М. од Скопје под сомнение за извршување на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик. Дополнително, 27-годишната А.А. од Скопје е пријавена за „непријавување кривично дело или сторител“ според член 364 од истиот закон. На 17-март 2025 година, на наплатната рампа во Гевгелија, полициските службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го запреле автомобилот „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од Скопје. Возилото го управувал Б.Г., а патници биле А.М. и А.А. При претресот на возилото, спроведен според судска наредба, во предниот дел на возилото биле пронајдени три пакувања со амфетамин со тежина од околу 1,5 килограми. Лицата биле изведени пред судија во Основен суд Гевгелија, и на Б.Г. и А.М. била изречена мерка притвор.