Легендарниот романски фудбалски стратег Мирчеа Луческу почина на 80-годишна возраст.
Според извори од медиумите, Луческу ја загуби битката за живот во вторникот, откако беше прогласена мозочна смрт.
Искусниот тренер доживеа срцев удар во петокот, по што итно беше хоспитализиран и ставен во индуцирана кома. И покрај напорите на медицинскиот тим, неговата здравствена состојба се влоши и смртта беше потврдена денес.
Луческу остави длабок печат во европскиот фудбал. За време на неговата впечатлива кариера, управуваше со различни клубови и национални тимови, меѓу кои Динамо Букурешт, Шахтјор Донецк и романската репрезентација.
Со репрезентацијата, постигна значајни успеси и стекна реноме како еден од најпочитуваните тренери на неговата генерација.
Неговиот син, Разван Луческу, тренер на грчкиот клуб ПАОК, побрза во Букурешт за да биде со својот татко во последните моменти.
Сопругата на Луческу, Нели, и внуката Марилу беа со семејството во овие тешки моменти.




