Многумина обожаваат компири, бидејќи нивниот благ и неутрален вкус лесно се комбинира со најразлични јадења. Ако не сте сигурни што да приготвите за денешниот ручек, пробајте го овој едноставен, но вкусен рецепт.
Овој печен компир со јајца може да се сервира како прилог со различни видови месо,а одлично оди и со свежа салата.
Состојки:
- 4 големи компири
- 50 грама путер
- 2 јајца
- 200 мл млеко
- Малку масло
- Сол, бибер (по вкус)
- Опционални зачини: гранулиран лук, мешавина зачини за компири
Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на тенки кругови. Во малку масло додадете сол, бибер и по желба некои дополнителни зачини. Промешајте ги компирите со зачинетото масло,па наредете ги во сад за печење. Додадете малку вода и парченца путер одозгора. Загрејте ја рерната на 250 степени и печете околу 30 минути.
Во меѓувреме, разматете јајца со млеко. Кога компирите ќе се испечат и омекнат,прелијте ги со јајцата и млекото,а потоа вратете ги во рерна да се допечат уште неколку минути,додека јајцата не се стегнат.
Послужете го овој компир додека е топол.
Актуелен совет:
Во последно време, сѐ повеќе домаќинства се обидуваат да подготват поедноставни, но креативни јадења со состојки кои веќе ги имаат дома.Овој рецепт е одличен начин да направите вкусен оброк без дополнителни комплицирани подготовки. Ако сакате нешто похрскаво, пред повторното печење додајте малку рендан пармезан или стар кашкавал за дополнителен вкус.