Сакаш да јадеш пица, но постиш? Имам одличен и вкусен рецепт за тебе. Подготви печени посни пица макарони. Овој вкус многу ќе те потсети на пица и сигурен сум дека ќе ти се допадне. Лесно и неверојатно вкусно! Обиди се веднаш штом можеш.
Состојки:
– 300 г макарони
– 1 чаша доматен сос (можеш да користиш пасирани домати или кечап по желба)
– 1 чаша сечкани маслинки
– 1 чаша варена пченка
– 1 чаша маринирани шампињони
– 1 мала лажичка оригано
– 150 – 200 г рендан посен кашкавал – Vegan Natura од Млекара Тетово
– Сол по вкус
Подготовка:
Стави во тенџере на рингла 3 литри вода и додај малку сол. Дозволи водата да зоврие и потоа додај ги макароните. Готви ги според упатството на пакувањето. Откако ќе се сварат, исцеди ја водата, а потоа истури и ладна вода врз нив за да ги изладиш. Повторно исцеди ги макароните.
Измиксирај ги сварените макарони со доматниот сос, маслинките, пченката, шампињоните и ориганото во тава. Израмни ја смесата и врз неа натурете го ренданиот кашкавал.
Печи ги макароните во претходно загреана рерна на 220 степени, околу 15 до 20 минути, додека не се стопи кашкавалот. Извади ги од рерната и остави ги малку да се изладат, потоа сервирај ги додека се уште топли.
На здравје!
Препораки:
Овој рецепт е идеален за пост на масло. Ако постиш на вода, изостави го посниот кашкавал.