„Нека домашната атмосфера се исполни со преубавиот мирис на свежо печени колачиња! Празничните денови се на прагот! Како дел од новогодишните и божиќните обичаи, секогаш припремаме посни ванилици. Без разлика дали некој од домашните или гостите постат, овој рецепт е секогаш на врвот на мојата листа. Навистина се вкусни и ги препорачувам со цело срце.“ – споделува Марија.
Состојки:
– 200 г маргарин, омекнат до собна температура
– 100 г шеќер во прав
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 70 г млени ореви
– 300 г бело брашно од Жито Лукс
– Ванилин шеќер или шеќер во прав за декорација
Подготовка:
Со виљушка измиксајте го маргаринот во длабок сад, па потоа додадете го шеќерот во прав и мешајте уште две до три минути. Вметнете ги ванилиниот шеќер и мелените ореви, па добро измешајте. Постепено соединете го брашното, продложувајќи со месење додека тестото не почне да се одвојува од рабовите на садот. Треба да добиете меко тесто кое не лепи на раце. Врз набрашнета површина, раширете го тестото на дебелина од 0,7 см. Со помош на моделчиња или чаша изрежете форми. Јас користев шаблони во облик на ѕвездички во три големини.
Поставете ги формите на плех со хартија за печење и печете ги околу 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Внимавајте да не потемнат.
Откако ќе се изладат колачињата, наредете ги врз дрвена чепкалка како елка: почнете со најмалите, средните и завршете со најголемите ѕвезди. Поросете ги со шеќер во прав. Или, за поедноставна варијација, наредете ги во чинија во форма на венче и посипете ги со шеќер во прав.
Совети:
Извадете го маргаринот од фрижидерот и оставете го преку ноќ на собна температура. Ако сакате пред да ги посипате со шеќер, можете да ги наполните со мармалад од кајсии или друг по ваш вкус.