Посно и вкусно! Ви претставуваме нова идеја за посен банана леб, а Жито Лукс ве очекува со многу новини! Откријте како да се насладите и да добиете одлични награди. Кој може да одолее на парче сочен десерт со банани и ореви, споено со саканото кафе или чај? Да го пробаме рецептот.
Состојки:
– 2 лажици мелено ленено семе
– 5 лажици вода
– 2 големи зрели банани
– ⅓ чаша растопен маргарин или кокосово масло
– ⅔ чаша шеќер
– ¼ чаша растително млеко (овесно, бадемово или соино)
– 2 чаши Екстра бело брашно од Жито Лукс
– 1 мала лажичка сода бикарбона
– Прстофат сол
– ¾ чаши сечкани ореви или посно чоколадо
Начин на подготовка:
Пред сè, загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот за колач, со димензии 23 см на 13 см, подгответе го со масло или хартија за печење.
Во помалечок сад измешајте го меленото ленено семе со водата и оставете ги неколку минути за да добие густина. Во голем сад испасирајте ги бананите со виљушка, па додајте го растопениот маргарин. Добро промешајте.
Следно, додајте шеќер, растителното млеко и ленената мешавина, и сè добро измешајте со голема лажица. Просејте го брашното и потоа додајте го заедно со содата и солта, мешајќи со шпатула додека не се соединат состојките. На крај, додајте ги сечканите ореви и промешајте.
Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете го колачот 50-60 минути. По печењето, оставете го да се излади малку, а потоа префрлете го на кујнска решетка. Оставете го да се излади околу 30 минути пред сервирање.
Дополнителни совети:
Меленото ленено семе го заменува јајцето, така што оваа смеса е неопходна. За побогат вкус, додадете ¼ мала лажичка морско оревче или цимет.
Дали знаевте дека? Започната е ГОЛЕМАТА наградна игра „Нашите брашна ве радуваат и наградуваат“! Купете 1 кг од омиленото брашно, гриз или палента на Жито Лукс, испратете СМС на 149449 со број на фискална сметка, датум и време на купување, и влезете во играта за:
– Семејно патување во Порт Авентура, Барселона!
– Многу други привлечни награди!
Колку повеќе СМС пораки, толку поголеми шанси за победа! Дополнително, купете 2кг Екстра бело брашно и добијте ПОДАРОК 500 гр палента! Совршено за оние кои сакаат да внесат празнично расположение во својата кујна.
Посетете го најблискиот маркет за вашиот празничен сет и учествувајте во големата наградна игра.