Поддршка за евроинтеграции: Хрватска ја потврди соработката со Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамките на работната посетa на Хрватска, имал средба со својот хрватски колега, Гордан Грлиќ Радман. На оваа средба, потврдени се добрите билатерални односи и обоста за нивно понатамошно унапредување, соопшти Министерството.

Како што се наведува во соопштението, акцент е ставен на континуираниот политички дијалог кој трае веќе три децении, како и на заедничкиот интерес за продлабочување на соработката во различни области. Посебно е истакната економската сфера, трговската размена и институционалната размена на искуства.

Муцунски истакнал дека соработката со Хрватска е основана на заеднички европски вредности, пријателство и сојузништво во НАТО. Биле потврдени и заложбите за продолжување на поддршката за процесот на проширување на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан.

Прочитајте и:  Вембањама потпиша нов договор со Сан Антонио вреден 252 милиони долари

На средбата се дискутирало и за потпишување на меѓувладин договор за стратешка соработка, кој има да воспостави поинтензивна и структурирана рамка за идни заеднички активности. Разгледани се актуелни регионални и меѓународни прашања, при што двајцата министри се согласиле дека координацијата во рамки на НАТО останува важен приоритет за регионалната безбедност и стабилност.

Во изјавата по средбата, Муцунски нагласил дека целта на идниот договор е да се зајакне практичната соработка и да се остварат конкретни придобивки за граѓаните, користејќи го хрватското искуство во евроинтегративниот процес.