Кремљ денеска соопшти дека позицијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во однос на тоа Украина да гаѓа со оружје доставено од САД длабоко во Русија „целосно се усогласува“ со позицијата на Москва.
-Изјавата целосно се усогласува со нашата позиција, со нашиот став за причините за ескалација. Очигледно е дека Трамп точно разбира што ја ескалира ситуацијата, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во интервју за магазинот „Тајм“, одлуката на американската администрација во заминување на Бајден да дозволи Украина да користи проектили АТАКМС за напади длабоко во Русија, Трамп ја оцени како „лудост“.