Оштетени реквизити во паркот „Бановина“ по реновирањето и уредувањето од страна на општина Аеродром

Од Општината соопштуваат дека заедничката сопственост на сите граѓани е брутално уништена и нагласуваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани. Случајот е веќе пријавен во полицијата.

„Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме дека сме зрела и одговорна заедница. Само така можеме да имаме уредена, безбедна и достоинствена општина“, се вели во соопштението.

Паркот „Бановина“ неодамна е целосно обновен, со нова и современа урбана опрема, која е наменета за уживање на сите генерации.