Меѓуградскиот воз кој ќе ги поврзува Прилеп и Битола ќе започне со работа на крајот на јуни или почетокот на јули. Исто така, наскоро се очекува воведување на карго железничкиот сообраќај помеѓу овие два града. Оваа информација ја соопшти заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во текот на неговата посета на Општина Могила. Николоски додаде дека сообраќајот ќе внесе нова динамика во економскиот живот на регионот и ќе ги подобри транспортните услови.




