Нормализиран сообраќај на автопатот Тетово-Скопје

Сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, во близина на селото Желино, е повторно нормализиран попладнево од 17 часот, по прекинот предизвикан од сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ.

Според првичните информации, сообраќајот беше прекинат од 14:45 часот, а од СВР Тетово потврдуваат дека во незгодата полесно се повредени две лица.