Нигерија го освои третото место на Купот на Африканските нации. Во „малото финале“, Нигерија славеше по изведувањето пенали, со резултат 4:2, откако по 90 минути игра не се постигнаа голови. Според правилата, во натпреварот за третото место не се играат продолженија, туку веднаш се пристапува кон пеналите.
Во првата серија, нигерискиот голман Стенли Нвабали се истакна. Тој, на 29 години, настапува за јужноафриканскиот клуб Чипа Јунајтед.
Нвабали го одбрани ударот на Мохамед Салах, а покажа вештина и во втората серија, успевајќи да го сопре ударот на Омар Мармуш.
Одредувачкиот пенал го постигна Адемола Лукман.
Денес, домаќините Мароко и Сенегал ќе се соочат во борба за титулата.
Фото/ EPA




