Незадоволство во соблекувалната на Реал, виновникот е Килијан Мбапе

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе минатиот викенд помина на Сардинија со својата партнерка Естер Експозито, што предизвика различни реакции во јавноста и меѓу неговите соиграчи.

„Додека Реал Мадрид се обидуваше да го победи Еспањол и да ја спречи Барселона да ја осигура титулата, Килијан беше надвор од игра поради повреда на бутниот мускул. Нема ништо спорно во тоа, но неговата одлука да не биде со тимот или да не ги поддржи од трибините предизвика незадоволство“, пишува весникот „АС“.

Овој медиум истакнува дека фотографии од моментот кога Мбапе се опушта со својата девојка во време на важен дел од сезоната не предизвикаа позитивни коментари, дури и покрај тоа што добил дозвола од клубот за заминување.

„Во Реал Мадрид, оваа ситуација создаде конфузија и недоразбирања. Начинот на кој неговото патување беше објавено на социјалните мрежи не беше добро прифатен“, додава шпанскиот весник.

Прочитајте и:  Како ушите на мачката откриваат нејзиното расположение.

Се наведува дека играчите во соблекувалната исто така не беа задоволни, особено бидејќи еден од лидерите на тимот и најплатениот играч се наоѓа на одмор додека тимот „бори за бодови“ во сезона која сакаат што побрзо да ја заборават.

„Обработката на повредените играчи е целосна одговорност на медицинскиот персонал на Реал, кој одредува кога треба да се јават на тренинг. Инаку, секој играч прави она што смета дека е соодветно во своето слободно време и не можам да се мешам во тоа“, изјави Арбелоа по победата (2:0) над Еспањол.

Мбапе во тековната сезона постигна 41 гол во исто толку натпревари. Денес се појави во „Валдебебас“ со надеж дека ќе биде подготвен за предстоечкото Ел Класико.

Фото/ Depositphotos