Леброн Џејмс, еден од најголемите кошаркари во историјата, се наоѓа во својата 23-та сезона во НБА.
Иконата на Лос Анџелес Лејкерс привлече многу внимание за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главната тема што се дебатираше беше, конечно, дали ќе продолжи да игра и следната сезона.
„Сакам да продолжам да живеам. Кога ќе знам, и вие ќе бидете известени. Во моментов, немам представа“, изјави Џејмс.
Во 41. години од животот, оваа сезона е последната во неговиот договор со Лејкерс, во кој ќе заработи 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на тековната сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Единственото што го посакувам е да останеме здрави, бидејќи тоа е основен услов за успешен настап“, заклучи Џејмс.
Фото/ depositphotos




