Утринава, најниската температура во нашата земја е измерена во Берово, каде што термометрите покажале -4 степени Целзиусови. Студено било и во Битола и Струмица со -2 степени, додека во Скопје-Петровец и Маврови Анови се измерени -1 степен. Нула степени се регистрирани во Крива Паланка, Велес, Попова Шапка, Демир Капија, Тетово, Гевгелија и Штип, а 1 степен е измерен во Куманово, Прилеп, Охрид, Претор и Кавадарци. На Зајчев Рид во Скопје утринската температура изнесувала 2 степени, во Крушево 3, а најтопло било во Виница со 4 степени.
На Попова Шапка, снежната покривка достигнала 58 сантиметри. Според прогнозите, денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи помеѓу 14 и 19 степени. Во Скопје ќе уживаме во сончево и релативно топло време, со слаб ветер, а дневната температура ќе достигне до 20 степени.




