Кошаркарскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром стартуваше со пораз новата календарска година, откако вечерва на домашен терен загуби од Војводина со резултат 78-73 во рамките на шестото коло на АБА 2 лигата.
Првата четвртина беше израмнета (18-16), но потоа следеше пад во играта на МЗТ, што гостите од Нови Сад искористија. На крајот на третиот период, разликата достигна дури 18 поени во корист на Војводина (63-45).
Сепак, МЗТ не се предаде. Во еден момент започнаа серија од 16-0, успевајќи да ја намалат разликата на само два поени, а кратко потоа дури и поведеа со 66-65.
Но, кошаркарите на Војводина покажаа поголема вештина во завршницата и на крајот заслужено му донесоа на МЗТ третиот пораз оваа сезона во регионалната лига.
Во редовите на МЗТ, Гил со 17 и Петков со 16 поени беа најефикасни. Следниот противник на тимот ќе биде Подгорица на 28 јануари, повторно во Скопје.




