На средбата, како што информира Министерството за одбрана, беше нагласена длговечната активна соработка во областа на одбраната, темелна на заедничката визија за зачувување на стабилноста и безбедноста во регионот, а истовремено и за развојот на двете земји.
„Наставуваме да го зајакнуваме партнерството преку размена на знаења и експертиза во сите сфери“, беше заклучено на состанокот.
Министерот Мисајловски се осврна и на новата и напредна опрема која сега е дел од арсеналот на Армијата – хаубиците „Боран“ од турско производство, кои се дел од декларираната артилериска батерија на Лесната пешадиска баталјонска група. Тој истакна дека: „македонската Армија е сигурна во квалитетот на турската воена индустрија“ и упати благодарности за континуираната поддршка од Турција, особено во развојот на армиските капацитети.
„Македонската Армија поминува низ најобемен процес на модернизација и опремување до сега, што е несомнено инвестиција во безбедноста на нашите граѓани. Посилна Армија значи и посигурна и побезбедна колективна одбрана во НАТО“, изјави министерот.
Вчеравечер, во рамките на посетата на Турција и учеството на саемот за воена индустрија ИДЕФ 25, министерот Мисајловски се сретна со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун, со кого разговарале за развојот на воената индустрија и потребата од зголемени инвестиции во оваа област, како начин за зацврстување на безбедноста на сојузниците.
„Турската воена индустрија е од големо значење за македонската одбрана, особено имајќи предвид дека Армијата веќе се опреми со шест нови хаубици од 105 mm и придружна опрема од компаниите Боран и Аселасан, кои неодамна беа промовирани пред македонската јавност“, стои во соопштението.




