Мицкоски до ДУИ: Вие побаравте укинување на балансерот

Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари, на седницата за пратенички прашања истакна дека актуелната Влада ја укинала алатката за правична застапеност. Според неа, Албанците веќе речиси две години се лишени од заштитени права, а се објавуваат, како што нагласи, скандалозни конкурси за вработување насочени само кон Македонците.

„Испраќањето на невистини од говорницата не само што нема да ви донесе политички поени, туку дополнително ќе ве однесе во негативна насока, што не е добро за вас. Секое од она што го кажавте е неточно и невистинито. Чесно и доблесно би било да се извините пред граѓаните и да признаете дека ние од ДУИ на владина седница донесовме одлука да се избрише алатката Балансер. Наместо тоа, би требало да кажете дека сите судии во Уставниот суд, кои ја донесоа таа одлука, се избрани од претходното владино мнозинство составено од СДСМ и ДУИ или се предложени од поранешниот претседател на државата, г. Пендаровски. Оваа вистина треба да ја знаат сите почитувани граѓани. Сè останато е невистина и обид за груба политичка манипулација,“ додаде премиерот Мицкоски.