Од утре, маржите за над 1.000 прехрамбени производи истекуваат, а тоа би отворило простор за ново поскапување на производите во маркетите. До сега, власта во јавноста пласираше наратив дека оваа мерка била ефективна и допринела кон трговците да го стопираат злоемувањето на цените.
Бесар Дурмиши, министер за економија, рече дека во споредба со февруари, во март има дефлација од 1,3 отсто во делот на храна и пијалаци, односно намалување на цените. Податоците за април, исто така, како што рече, укажуваат на намалување на цените на храната и пијалаците.
Од утре, пазарните инспектори ќе вршат контрола за да утврдат дали ден по завршување на мерката, ќе има енормно поскапување. Доколку маркетите се однесуваат девијантно, ќе има поригорозни мерки, рече министерот.