Семејствата на жртвите од пожарот во Кочани денеска организираа „Марш за ангелите“ во Скопје. Тие се собраа пред канцелариите на обвинителството, а според плановите, маршот ќе заврши пред Собранието. Во саботата, нивното барање беше да се добијат повеќе информации за напредокот на истрагата, а денес, како што изјавија, пристигнаа во Скопје за да бидат информирани. Настанот го следеше Елена Ивановска Мукоска, која се јави директно во живо во Вестите на Телма во 12.30.