Нов инцидент на насилство врз малолетници во Прилеп
Во училиште во Прилеп е пријавен нов случај на малолетничко насилство, потврдуваат од Одделението за внатрешни работи. Според достапните информации, малолетник бил физички нападнат од соученици за време на час по физичко образование во основно училиште. За време на инцидентот, еден од напаѓачите го документирал настанот со мобилен телефон. Таткото на жртвата, 36-годишен жител на Прилеп, ја пријавил случката во полицијата. Од таму велат дека се преземаат соодветни мерки за истражување на инцидентот и расветлување на сите околности.




