Националната опера и балет
На 7 април, Македонскиот национален балет ја изведе својата претстава „Патување“ во Анкара. Овој современ балет во кореографија на Џан Арслан од Турција беше претставен на широката публика, информираат од Националната опера и балет. Во рамките на оваа посета, менаџерот Киро Павлов и државниот секретар Марија Станчевска Ѓоргова остварија средби со претставници на амбасадите на Хрватска и Словачка во Турција, со цел да се прошири соработката во уметноста и да се презентираат и класични и современи балетски дела од нашиот репертоар.
Покрај овие активности, нашата делегација разговараше и за соработка во други уметнички сектори, вклучувајќи камерни оркестри и солистички концерти на оперски уметници. По успешното завршување на фестивалот, добивме покана повторно да учествуваме на 40. јубилеен Музички фестивал во Анкара.




