Шведското позитивно искуство и нивната експертиза во создавањето стратегии за заштита на јавното здравје, особено преку намалување на штетите, може да се применат и во Македонија. Во моментот, нашата земја работи на нова законска регулатива со цел да заштити граѓаните од пушење. Оваа идеја ја истакна новооснованата Шведско-македонска стопанска комора во својата неодамнешна јавна објава, при што посочи дека како бизнис заедница испратила конструктивни предлози за унапредување на здравствените политики.




