Сварете ги тестенините, па исцедете ги.
Направете макарони на поинаков начин, така што ќе ги испечете во рерна.
Состојки:
- пакување тестенини
- две јајца
- 250 гр кисела павлака
- половина шолја (180 мл) јогурт
- 200 гр шунка
- малку кечап
- сол
- бибер
Сварете ги тестенините, па исцедете ги. Додадете кечап, шунка исечкана на коцки, малку масло и сè измешајте. Ставете ги тестенините во огноотпорен сад.
Изматете ги јајцата,додадете павлака и јогурт,сол,бибер и прелијте ги тестенините.
Се пече околу 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Послужете топло.
Актуелно:
Во последно време, популарност добиваат печени тестенини со додаток на рендан кашкавал или моцарела за подобра кремаста текстура. Некои рецепти препорачуваат и малку босилек или оригано за посебен вкус.