Ковачки: Македонија е верен и доверлив партнер на НАТО, продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната сигурност.

„Како делегација составена од повеќе партии, во моментов сме на посета во седиштето на НАТО во Брисел, каде што оддаваме парламентарна поддршка за политичката кохезија во Алијансата“, изјави Ковачки. Тој истакна дека за време на посетата е нагласено дека Македонија останува верен и доверлив партнер на НАТО, како и дека има јасна определба за понатамошно зајакнување на соработката и исполнување на преземените обврски.

Ковачки посочи дека државата ќе продолжи со реализацијата на одлуките донесени на Самитот во Хаг, со цел зголемување на одбранбените капацитети и јакнење на одвраќањето, како од аспект на колективната, така и од аспект на кооперативната безбедност. Според него, во фокусот остануваат и управувањето со кризи, како и борбата против тероризмот, како дел од пошироките напори за зачувување на стабилноста во евроатлантскиот простор.

„Продолжуваме со посетата и со давањето поддршка на одлуките на Алијансата“, нагласи Ковачки.