Во Битола, на плоштадот „Магнолија“, денеска ќе се одржи едночасовен концерт на кој ќе настапат Воениот оркестар на Армијата и воениот оркестар од Вермонт, САД. Овој музички настан е дел од активностите планирани за воената вежба „Immediate Response 25“, која започнува во понеделник во нашата земја. Присутните ќе имаат можност да уживаат во изведбите на различни популарни џез композиции, македонски шлагери и фолк мелодии, преку кои ќе се промовира сојузништвото и ќе се испратат пораки за мир и пријателство. Настапите на воените оркестри од двете пријателски армии се редовен дел од армиската соработка и традиционално се одржуваат пред големите вежби. Соорганизирањето на музички настани со НАТО сојузничките оркестри го зајакнува сојузот помеѓу земјите и ја подобрува цивилно-воената соработка, истакнуваат од Министерството за одбрана.