Полициски службеници од ОВР Кочани на 20 септември го лишиле од слобода Б.Л. (30) од Кочани, по пријава за физички напад.
Според пријавеното, околу 10 часот во семејниот дом тој физички го нападнал својот 28-годишен брат.
Б.Л. бил приведен во 15 часот, а од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.




