Оваа седмица, Кинотеката на РС Македонија и Институтот за национална историја официјално ја зацврстија соработката потпишувајќи Меморандум за соработка. Документот го потпишаа директорите Бошко Грујоски и проф. др. Митко Б. Панов, со што се лична нивната заедничка цел за извршување на советодавни и експертски активности, како и изведба на заеднички проекти, конференции и изложби, вклучувајќи и издавачки потфати. Двете организации имаат долга историја на соработка, која ги вклучува и проектите за документирање на сведоштва од Македонци протерани од Егејска Македонија во минатиот век. Новиот меморандум ја официјализира нивната врска и ја фокусира на конкретни сфери од заеднички интерес. И двете институции делат слична мисија која вклучува истражувачки активности и презентација на материјали од историско значење, при што Кинотеката се концентрира на македонската кинематографија, а Институтот на историската наука воопшто.