Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ се оценува како стратегија на Левица за поддршка на ДУИ и СДС, со цел Орце Ѓеорѓиевски да не победи веќе во првиот круг, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Левица не успеала да пронајде друг кандидат, а никој не се пријавил за позицијата градоначалник на Скопје, поради што одлучиле да го номинираат пратеникот Амар Мециновиќ.
Ги прашуваме Мециновиќ, особено во светло на фактот дека Димче Апасиев побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се кандидати за градоначалници да поднесат оставки, дали и тој планира да го стори истото, со оглед на неговата кандидатура за градоначалник, се истакнува во соопштението на партијата.




